Младинскиот репрезентативец Бехар Фета пред трансфер во Брегалница!

1524

Како што дознава „Спортмедиа“, Брегалница има намера да го доведе во своите редови напаѓачот на Воска Спорт и член на младата репрезентацијата на Македонија до 19 и 21 година, Бехар Фета. Преговорите се во тек меѓу раководствота на двата клуба, сега треба да се прецизираат само деталите и набргу трансферот да биде официјализиран.

По заминувањето на Мартин Стојанов во Бугарија, штипските „сини“ се во потрага по негова замена, изборот паднал на извонредниот Фета кој во минатата сезона како играч на Воска Спорт беше еден од најдобрите во ВМФЛ – ЗАПАД.

Инаку Фета има само 19 години, дете е на Шкендија, а во Воска Спорт дојде минатата година.

За него има интерес и од други клубови, но сепак Брегалница најмногу го посакува.

ПретходноБерат Имери на клупата на Воска Спорт!
СледноКоста Манев си замина од А. Пандев и потпиша за Вараждин!