Она што го најави стратегот на „лавовите“ Муарем Бајрами за „Спортмедиа“, дека капитенот Ермедин Адем и натаму ќе остане во Ѓорче, од денеска е и официјално. На капитенот договорот му истече, имаше и понуди од други клубови, но раководството на Македонија ЃП и самиот фудбалер се договорија за продолжување на соработката и потпишаа договор со кој Ермедин Адем ќе биде „лав“ до 2024 година.
„Нема никакви пречки меѓу мене и клубот кој што го сакам. Останува и ветувам нови успеси“ е пораката на Адем.