„Скај Спорт“: Не се надевајте, Мане оваа недела нема да се пресели во Баерн

227

Германски „Скај Спорт“ вечерва објави дека навивачите на Баерн (М) треба да бидат трпеливи околу трансферот на Садио Мане. Иако одамна се зборува за преселба на сенегалецот на „Алијанц Арена“, сепак според германската телевизија истиот нема да биде готов ни до крајот на оваа недела.

Спротивно на тоа што пишуваат некои медиуми, според информациите на „Скај Спорт“ договор меѓу Баерн и Ливерпул оваа недела нема да се случи.

Едно е јасно. Баерн одамна се договорил со Мане, бо Ливерпул не сака да ја симне цената на обештетувањето. Според информациите на „Скај Спорт“, баварците на Сенегалецот му понудиле најмалку тригодишен договор.

ПретходноФенербахче по јубилеен 10-ти пат е шампион на Турција
СледноПокетино пред сензационално враќање во Шпанија?