Фенербахче по јубилеен 10-ти пат е шампион на Турција

252

Кошаркарите на Фенербахче ја освоија титулата во турскиот кошаркарски шампионат, откако во финалната серија го совладаа Анадолу Ефес со 3:1. Фенер денеска славеше на гостински терен со 92:80 и го прослави трофејот пред гостинските навивачи на актуелниот европски шампион.

Избраниците на српскиот стретег Александар Ѓорѓевиќ одиграа одлично во најголемиот дел од натпреварот, со мал пад пред крајот на првиот дел и почетокот на вториот кога противникот целосно се врати, но Фенербахче ја одигра маестрално во завршницата и дојде до посакуваниот трофеј.

За Фенербахче ова е јубилејна 10. титула, прва по пауза од 4 години.

ПретходноПоп Арсова ќе трча на маратонот на Светското првенство во Орегон
Следно„Скај Спорт“: Не се надевајте, Мане оваа недела нема да се пресели во Баерн