Шампионот се раздели со шест фудбалери

1442

Шкупи по подолго време се врати на шампионскиот трон во македонската Прва лига и се спрема за настап во Лигата на шампионите и за новата сезона. Клубот одлучи да се раздели со шест фудбалери кои беа дел од шампионот минатата сезона.

Клубот од Чаир им се заблагодари на Константин Чешмеџиев, Ардит Иљази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубаје. Прекинот на договорите со овие шест играчи е обостран, а раководните луѓе им посакаа среќа во понатамошната кариера.

Шкупи веќе ги почна подготовките за наредната сезона, а веќе закажа и неколку пријателски натпревари. Првиот се игра утре во Охрид, а противникот е косовскиот шампион Балкани.

ПретходноМарсело се изнаплака на заминувањето од Реал Мадрид
СледноКиелини за трансферот во Лос Анџелес: Се спремам за следниот план