Селекцијата на Костарика ја обезбеди последната виза за учество на Мундијалот во Катар оваа година.
Вечерва во послендиот бараж дуел одигран во Доха, Костарика успеа да слави минимално со 1:0 и со тоа по седмипат да се најде на собирот на најдобрите светски селекции. Голот во третата минута беше доволен за триумф на Костариканците, а стрелец беше Џоел Камбел.
Костарика ќе има пеколни натпревари на Мундијалот бидејќи влегува во група со Германија, Шпанија и Јапонија.