Ново раководство на Пелистер и натаму работи под полна пареа, речиси „турбо“ што се вели. Во овие денови се е подредено на ангажман на нови играчи, на засилување со цел како следната сезона во ВМФЛ да биде успешна и тимот да се врати во елитата, таму каде што му местото.
Па така денеска ФК Пелистер и официјално објави дека ново име е повратникот Филип Миленковски, кој минатата сезона играше за Брегалница, а претходно и за Пелистер во неколку наврати, потоа Силекс, Струга ТЛ…
Пред неколку дена во Пелистер се вратија и Благоја Љамчевски и Илче Петровски.
Нема што, првиот оперативец на клубот Ванчо Мицевски покажува како се работи.