Погба и Јувентус си подале рака, потврда на трансферот ќе има во јули

130

Пол Погба веќе се договорил со Јувентус, па потписот на договорот е само формалност, тврдат авторитетни извори во Италија. Наводно, денеска двете страни ги договорија последните детали од соработката, а трансферот на играчот од средниот ред ќе биде официјално објавен во јули.

Французинот веќе играше за торинскиот клуб од 2012 до 2016 година, по што се пресели во Манчестер Јунајтед. Играчот од средниот ред летово ќе го напушти англискиот клуб како слободен фудбалер.

И покрај најавите дека може да остане во Премиерлигата, Французинот остана истраен на својата желба повторно да заигра во Торино.

ПретходноУЕФА од 2024 година Суперкупот ќе го замени со Ф4 турнир?!
СледноУЕФА ги одреди можните ривали на Македонија ЃП, Шкендија и А. Пандев во 2. коло на КЛ