Ѓурковски се враќа во Тиквеш, Каракамишев и Делов заминуваат од Кавадарци

2165

Александар Ѓурковски се враќа во Тиквеш. Спортмедиа дознава дека досегашниот дефанзивец на Шкупи, се враќа во Кавадарци, каде што веќе одработи една полусезона, и каде што беа задоволни од неговите игри. Откако шампионот одлучи дека Ѓурковски може да замине, Тиквеш прв реагираше и го доведува дефанзивецот за следната сезона.

А во неа, Ѓурковски ќе биде една од движечките дефанзивни сили на новиот тим на тренерот Влатко Костов, во кој ќе нема веќе место за Каракамишев односно Делов, кој заминуваат по завршувањето на договорите летово.

 

ПретходноВладимир Петровиќ е новиот офанзивец на Силекс
СледноСтаврев вечерва главен на Лихтенштајн – Летонија