Буњамин Шабани останува во Струга

183

Екипата на Струга Трим Лум и следната сезона ќе биде предводена од капитенот, Буњамин Шабани. По Бесарт Ибраими ова е второ име кое раководството на клубот го договори во изминатиот период.

Шабани останува до 2023 година. Тој на 62 натпревари, постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Покрај Шабани, нови договори добија и Абдулхади Јахја и Ард Касами, двајца млади фудбалери кои имаа забележителна улога минатата сезона.

ПретходноНавивачите на Реал бесни на Модриќ поради Мбапе
СледноМакедонска „четворка“ на мини обука во Истанбул