Веќе нема дилеми. Пауло Дибала и Интер постигнале договор, Аргентинецот, односно неговиот менаџер му кажал конечно „ДА“ на Бепе Марота, првиот “оперативец“ на клубот од Милано па така сега се очекува само официјална потврда и некои ситни детали да се договорат.
Со тоа Интер ќе добие супер – засилување, а интересно е во тоа што Дибала ја прифатил понудата на вицешампионот иако таа е помала од онаа на Јуве. Имено Јуве му нудел 7 милиони евра и плус еден милион како бонус во текот една сезона, но само двогодишен договор.
Додека Дибала за Интер ќе потпише за 6 милиони евра плус еден милион како бонус, но и договор до 2026 година, значи четиригодишен договор.
Должината на договорот била пресудна Пауло Дибала да го облече дресот на Интер на задоволство на фановите на овој клуб и гнев кај фановите на Јуве. Клуб во кој Аргентинецот беше цели седум сезони.