Две години после фарсата, Луис Суарез конечно потпишува?

749

Јувентус вредно работи на засилувања за следната сезона во која се планира исчекор и борба за трофеи во домашното првенство, како и што подобар пласман во Лигата на шампионите.

Пол Погба е „во џеб“, чека Анхел Ди Марија, во меѓувреме на Јуве му се нуди ниту помалку ниту повеќе од Луис Суарез (35), пренесува Газета дело спорт.

Уругваецот пред само две години беше на прагот да потпише, но по фарсата за полагање италијански јазик за добивање државјанство, клубот не можеше да го ангажира поради статус на странец.

Сега работите се малку поинакви, по истекот на договорот со Атлетик, Суарез повторно е слободен играч и може да го засили Јувентус.

На Макс Алегри му требаат победници, пренесуваат Италијанците, а Суарез сигурно имал, бидејќи во текот на кариерата освоил практично се што можел во клупскиот фудбал.

ПретходноТомче Стојановски уште две сезони во Бутел Скопје
СледноОлимпијакос по секоја цена сака да дојде до потписот на Барди!