Денеска во Нион – ждрепка за 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК: Шкупи за ривал го посакува првакот на Гибралтар…

362

 

Денеска во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции.

За ЛШ ждрепката ќе почне во 12 часот а Шкупи како неносител ќе има тешка задача. Имено од вчера познати се петте клубови од кои еден ќе биде ривал на чаирчани.

Шкупи се наоѓа во групата 3 и за ривал ќе го добие еден од следните тимови…

Карабах (Азербејџан), Шериф Тираспол (Молдавија), Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар) и Шамрок (Ирска).

Првите мечеви од 1.квалификациско коло се закажани за 5/6 јули додека реваншите за 12/13 јули.

Во случај на триумф Шкупи ќе се пласира во следната фаза во квалификациите во ЛШ, инаку ждрепката за 2.квалификациско коло ќе се одржи утре, додека ако биде елиминиран тогаш ќе продолжи со евро настапите и тоа во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Се знае дека најдобро за Шкупи е денеска за ривал да го добие претставникот на Гибралтар или на Ирска, Линколн или Шамрок. Се друго ќе биде тешка ждрепка.

Во квалификациите во Лигата на Конференции имаме три екипи. Шкендија и А. Пандев почнуваат од 1.квалификациско коло,додека Македонија ЃП од второто.

Денеска во 13 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за првото коло. Шкендија се наоѓа во групата 5 како носител. Една од екипите на…

 Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ  (Ц.Гора)

ќе биде противник на тетовскиот состав. Се чини кој е да падне, Шкендија ќе ја има фаворитска улога, барем според рејтингот на тетовци.

Академија Пандев е неносител и се наоѓа во групата 1. Еден од овие пет екипи ќе биде ривалот на струмичани…

Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово),Лехиа Гдањск (Полска) и Милсами (Молдавија).

Утре ќе биде одржана ждрепката за 2.квалификациско коло, значи Македонија ЃП утре ќе го дознае својот ривал, а Шкендија и А. Пандев својот евентуален ривал, ако ја минат првата пречка.

Да споменеме дека мечевите од 1.квалификациско коло во ЛК се закажани за 7 и 14 јули, додека за втората рунда 21 и 28 јули.

Претходно„Кенгурите“ по шестипат ќе играат на Мундијалите
СледноКари ги промаши сите девет тројки, Голден Стејт на чекор до сонот (ВИДЕО)