Динамо Загреб е можен ривал на Шкупи во 2. коло од ЛШ

380

Тренерот на македонскиот шампион Шкупи, Гоце Седлоски, може да добие пресметка со некогашниот негов тим Динамо Загреб во рамките на 2. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. По денешната ждрепка во Нион, Шкипи за противник во 1. коло од елиминациите го доби Линколн Ред Импс од Гибралтар, а доколку го мине, во втората рунда ќе „налета“ на еден од трите можни ривали: Динамо (З), Лех (Пол) / Карабах (Азе) или Тобол (Каз) / Ференцварош (Унг).

Ова ќе се знае на утрешната ждрепка за 2. квалификациска рунда закажана на пладне во седиштето на УЕФА.

ПретходноШкупи ја загуби првата контрола од Балкани
СледноОФИЦИЈАЛНО: Дарвин Нуњез е нов фудбалер на Ливерпул!