„Ле Паризиен“: Готово е! ПСЖ и Покетино постигнаа договор за прекин на соработката

237

Авторитетниот француски весник „Ле Паризиен“ вечерва објави дека Пари Сен Жермен и Маурисио Покетино постигнале договор за раскин на договорот. Аргентинецот има активен договор со францускиот првак уште една година, но како што и се шпекулираше, тој заминува од „Паркот на Принцовите“ за да ослободи место за еден од двајцата најголеми кандидати за тренерското место: Криштоф Галтие и Зинедин Зидан.

Заминувањето на поранешниот менаџер на Тотенхем треба да биде комплетирано оваа недела, бидејќи тој заминува по разочарувачките 18 месеци на чело на ПСЖ, кои кулминираа со титула во Лига 1.

Конечните детали ќе се испеглаат утре или најдоцна во четврток, иако останува да се види кога ќе дојде официјалното соопштение од клубот.

50-годишниот стратег ќе инкасира меѓу 15 и 20 милиони евра за предвремениот раскин на договорот и веднаш ќе може да си бара нов клуб.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Дарвин Нуњез е нов фудбалер на Ливерпул!
СледноПолуфиналето со Финска го играме в сабота од 16 часот