ЛШ:Добра ждрепка.. Шкупи го сакаше Линколн и го доби првакот на Гибралтар!

1254

Нашиот шампион, тимот на Шкупи, на денешната ждрепка во Нион, за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за ривал го доби тимот на Линколн, првакот на Гибралтар. Ждрепка која беше посакувана од чаирчани. Првиот меч се игра во Скопје.

Секако дека ова е добра ждрепка ако се знае кои беа останатите можни ривали.

Инаку првите мечеви се играат на 5/6 јули, додека реваншите на 12/13 јули.

Во случај на минување на оваа стартна пречка на чаирчани, тие ќе играат и во 2.квалификациско коло во ЛШ, ако пак бидат елиминирани, тогаш ќе настапат во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноОлимпијакос по секоја цена сака да дојде до потписот на Барди!
СледноГоран Кузманоски нов тренер на РК Скопје