На денешен ден: Вардар пред 35 години стана шампион на екс – Југославија!

230

Како вчера да беше што се вели. А минаа дури 35 години од како нашиот најпознат и најтрофеен клуб, кој сега тавори во Втората лига, ги доживеа ѕвездените моменти во својата историја. Имено на денешен ден, на 14 јуни 1987, Вардар стана шампион на екс- Југославија, ја освои единствената титула. Тоа беа времиња кога “големата четворка“ како Партизан, Динамо Загреб, Хајдук, Ц. Звезда не му можеше ништо на македонското милениче, македонската фудбалска и спортска гордост.

No description available.

Не му можеа ништо ниту „страшните“ Жељо и Сараево и останатите супер тимови во таа сезона 1986/87.

Сепак треба да се каже дека неколку клубови, оваа сезона ја стартуваа со минус бодови поради “местенки“ од претходната. Но сепак успехот на Вардар никој, ама баш никој не можеше да му го оспори.

Титулата беше освоена со 15 победи, 8 нерешени, 11 порази.

Тренер на таа златна генерација беше Андон Дончевски, а во тимот беа Панчев, Савевски, Грошев, Станојковиќ, Јаневски, Канатларовски, Најдоски, Бабунски, Рингов, Панчев и уште многу екстра фудбалери.

Да кажеме дека потоа по многу перипетии, судот во Белград му ја додели таа титула на Партизан, но за УЕФА Вардар беше шампион и играше во Купот на Шампионите со Порто, тогашниот европски првак.

Тоа беа времиња…кога Вардар беше Македонија, кога Македонија беше Вардар.

ПретходноПелистер со ново засилување: И Миленковски се врати во Битола!
СледноЛегендарниот Шиле Блажевски во фудбалска пензија!