Олимпијакос по секоја цена сака да дојде до потписот на Барди!

539

Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери, е пред трансфер во Грција и тоа во најдобриот клуб кај нашиот јужен сосед, а тоа е Олимпијакос од Атина. Клуб кој редовно игра во групната фаза во ЛШ или ЛЕ на евро – сцената.

Информациите до кои успеа да дојде „Спортмедиа“ велат дека раководството на грчкиот гигант по секоја цена го посакува Барди, човекој кој е велемајстор за изведување на слободни удари, нешто што најубаво го покажа пред неколку дена на мечот меѓу Македонија и Гибралтар.

Се разбира дека покрај Олимимпијакос, Барди е трансферна цел и на повеќе други клубови, пред се од Ла Лига, но и од други лиги ширум Европа.

Па така кој ќе биде најбрз, кој ќе излезе со најдобра понуда до актуелниот играч на Леванте, тој и ќе добие македонскиот репрезенативец.

Во Олимпијакос се надеваат дека тоа ќе бидат тие.

Па, останува да се види…

ПретходноДве години после фарсата, Луис Суарез конечно потпишува?
СледноЛШ:Добра ждрепка.. Шкупи го сакаше Линколн и го доби првакот на Гибралтар!