ОФИЦИЈАЛНО: Дарвин Нуњез е нов фудбалер на Ливерпул!

162

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез и официјално е ново засилување на Ливерпул. Тој потпиша долгорочен договор со „црвените“ откако ги финализираше личните услови и ги заврши медицинските прегледи во тренинг центарот АКСА.

Нуњез пристигнува на „Енфилд“ по две сезони во Бенфика, каде постигна 48 гола на 85 настапи во сите натпреварувања.

22-годишниот играч има 11 сениорски настапи за Уругвај, откако меѓународното деби го имаше во октомври 2019 година.

„Навистина сум среќен што сум овде во Ливерпул. Ова е голем клуб“, изјави Нуњез во своето прво интервју.

Според информациите во англиските медиуми, Нуњез има договорот со „црвените“ со важност до 2028 година. Претходно Бенфика објави дека постигнала договор со „црвените“ за трансфер на уругвајскиот репрезентативец за 75 милиони евра во кеш и уште 25 милиони во форма на бонуси.

ПретходноДинамо Загреб е можен ривал на Шкупи во 2. коло од ЛШ
Следно„Ле Паризиен“: Готово е! ПСЖ и Покетино постигнаа договор за прекин на соработката