Пелистер со ново засилување: И Миленковски се врати во Битола!

255

Ново раководство на Пелистер и натаму работи под полна пареа, речиси „турбо“ што се вели. Во овие денови се е подредено на ангажман на нови играчи, на засилување со цел како следната сезона во ВМФЛ да биде успешна и тимот да се врати во елитата, таму каде што му местото.

Па така денеска ФК Пелистер и официјално објави дека ново име е повратникот Филип Миленковски, кој минатата сезона играше за Брегалница, а претходно и за Пелистер во неколку наврати, потоа Силекс, Струга ТЛ…

Пред неколку дена во Пелистер се вратија и Благоја Љамчевски и Илче Петровски.

Нема што, првиот оперативец на клубот Ванчо Мицевски покажува како се работи.

May be an image of 2 people, people sitting and indoor

ПретходноПромоција: Чуамени е нов “КРАЛ“! (ФОТО)
СледноНа денешен ден: Вардар пред 35 години стана шампион на екс – Југославија!