По три сезони минати во дресот на Штутгарт, Жарко Пешевски се враќа во Македонија. Македонскиот репрезентативец пикер ја заврши својата одисеја во Бундес-лигата, па следната ќе го гледаме како лидер во редовите на Е.Пелистер.
Пешевски одлично се снајде во Штутгарт, ја доби поддршката од фановите, нешто што во Германија е тешко кога си странец, за што е посебно благодарен.
„Минав три одлични сезони во „сино-белото“ семејство. Направивме мост меѓу две различни култури, за разбирање и респект. Никогаш не се почувствував како странец и за тоа ќе ви бидам благодарен од дното на душата, довидување, вашиот Жарки“, пиша Пешевски на социјалните мрежи.