Седлоски: Задоволен сум од ждрепката, респект за Линколн, но ете шанса за Шкупи за пласман понатаму!

720

Шкупи за ривал во 1.квалифициско коло во Лигата на Шампионите за ривал го доби тимот на Линколн, првакот на Гибралтар. Како можеше да биде, секако дека ова е добра ждрепка за чаирчани.

Со тоа се сложува и шефот на струката на Шкупи, Гоце Седлоски кој за “Спортмедиа“ ја коментираше ждрепката.

Да не се лажеме, секако дека сум задоволен од ждрепката. Меѓу Шериф, Карабах, Слован и Линколн секако ќе го одберете првакот на Гибралтар. Сепак, сепак, не смее да има еуфорија. Линколн и севкупно гибралтарскиот фудбал покажаа дека имаат голем напредок, не смее сега да си играме и да кажеме дека одиме сигурно во следната фаза. Тоа никако, мораме да бидеме максимално сериозни. Ќе го респектираме Линколн, но реално ете ја шансата за Шкупи да оди понатаму“ заврши Седлоски.

ПретходноГоран Кузманоски нов тренер на РК Скопје
СледноГотово е: Дибала му кажал „ДА“ на Интер!