УЕФА ги одреди можните ривали на Македонија ЃП, Шкендија и А. Пандев во 2. коло на КЛ

369

Пред утрешната ждрепка за 2. коло од квалификациите во Конференциската лига, УЕФА вечерва ги објави и можните противници на трите македонски преставници во ова натпреварување.

Македонија ЃП која го прескокна 1. коло, во втората рунда за противник ќе добие некој од следниве тимови: ФСЦБ (Стеауа) од Романија, Хапоел Бер Шерва од Израел, ЦСКА Софија (Бугарија), Нефчи (Азербејџан) или подобриот од дуелот од 1. коло меѓу Алашкерт (Ерм) и Хамртун (Мал). 

Академија Пандев која во 1. коло се среќава со полска Лехија Гдањск, во случај да ја мине првата пречка, во 2. коло за ривал ќе очекува еден од следните тимови: Јанг Бојс (Шва), Рапид Виена (Авс), Осијек (Хрв), или победниците од дуелите Флора Талин (Ест) – СЈК (Фин), односно Олимпија (Сло) – Диферданж (Лук). 

Шкендија е рангирана меѓу носителите за 2. коло. Ако тетовци го минат Арарат во 1. коло, во следната рунда за противник ќе очекуваат еден од следните тимови: Викинг (Нор), АИК Стокхолм (Шве), Раков (Пол), Валмиерас (Лет) и подобриот од дуелот меѓу Паневезис (Лит) – Милсами (Мол). 

ПретходноПогба и Јувентус си подале рака, потврда на трансферот ќе има во јули
СледноЛидс Ј. си договори засилување од Баерн (М)