Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузманоски својата тренерска кариера ја продолжува во тимот на Скопје, кој успеа да остане во ракометната домашна елита по драмата во баражот.
Кузманоски првите тренерски чекори ги направи во родниот град, Прилеп. Тој во Скопје доаѓа на местото на Андријана Будимир.