Костарика ја зграби последната виза за настап на Мундијалот во Катар (ВИДЕО)

165

Селекцијата на Костарика ја обезбеди последната виза за учество на Мундијалот во Катар оваа година.

Вечерва во послендиот бараж дуел одигран во Доха, Костарика успеа да слави минимално со 1:0 и со тоа по седмипат да се најде на собирот на најдобрите светски селекции. Голот во третата минута беше доволен за триумф на Костариканците, а стрелец беше Џоел Камбел.

Костарика ќе има пеколни натпревари на Мундијалот бидејќи влегува во група со Германија, Шпанија и Јапонија.

ПретходноЛН: Тотален распад на европскиот шампион, Англичаните понижени од Унгарија (ВИДЕО)
СледноРистовски и Адеми се во „Тимот на сезоната“ во Хрватска (ФОТО)