Полуфиналето со Финска го играме в сабота од 16 часот

237

Македонската одбојкарска репрезентација в сабота од 16 часот ќе го одигра полуфиналето во Европската сребрена лига. ЦЕВ денеска ги потврди термините за одигрување на натпреварите на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Македонија в сабота во првото полуфинале ќе се сретне со Финска, додека во вториот полуфинален дуел од 19 часот домаќинот Унгарија ќе игра против Романија. Ден подоцна се на програмата завршните дуели.

Од 16 часот мечот за 3. место и од 19 часот големото финале. Нашата репрезентација в петок ќе замине за Унгарија во комплетен состав. Во тимот најверојатно ќе биде и повреденото либеро Ричлиев, иако мали се шансите тој да биде во тимот за завршните дуели.

ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА – Ф4 (БУДИМПЕШТА)

САБОТА (ПОЛУФИНАЛЕ)

16.00 Македонија – Финска

19.00 Унгарија – Романија

НЕДЕЛА

16.00 Меч за 3. место

19.00 Финале

Претходно„Ле Паризиен“: Готово е! ПСЖ и Покетино постигнаа договор за прекин на соработката
СледноУЕФА од 2024 година Суперкупот ќе го замени со Ф4 турнир?!