Шкупи за ривал во 1.квалифициско коло во Лигата на Шампионите за ривал го доби тимот на Линколн, првакот на Гибралтар. Како можеше да биде, секако дека ова е добра ждрепка за чаирчани.
Со тоа се сложува и шефот на струката на Шкупи, Гоце Седлоски кој за “Спортмедиа“ ја коментираше ждрепката.
„Да не се лажеме, секако дека сум задоволен од ждрепката. Меѓу Шериф, Карабах, Слован и Линколн секако ќе го одберете првакот на Гибралтар. Сепак, сепак, не смее да има еуфорија. Линколн и севкупно гибралтарскиот фудбал покажаа дека имаат голем напредок, не смее сега да си играме и да кажеме дека одиме сигурно во следната фаза. Тоа никако, мораме да бидеме максимално сериозни. Ќе го респектираме Линколн, но реално ете ја шансата за Шкупи да оди понатаму“ заврши Седлоски.