Тимот на Манчестер Сити предмалку објави дека искусниот голман Скот Карсон ја продолжи соработката на уште една година со клубот.
Некогашниот репрезентативец на Англија нема ништо против во доцните фудалски години да биде дел од шампионски тим иако реално не добива шанса да брани.
Тој пристигна во Сити во 2019 година најпрво како позајмен фудбалер, а потоа и како играч со перманентен договор.