Три иконски моменти од Ф4: Кој може да го заборави голот на Циндриќ? (ВИДЕО)

334

Ситно броиме до стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони. Овој викенд ќе до знаеме името на европскиот владател. Барселона ја има улогата на бранител на титулата, каталонскиот гигант ќе има шанса да испише историја како прв тим кој успеал да го подигне пехарот две години по ред.

На патот на Барселона стои Кил, во другата полуфинална двојка ќе се сретнат Келце и Веспрем.

Како загревање пред големиот спектакл во „Ланксес“ Арената, ЕХФ не врати во минатото, а тука посебно место има Вардар 1961, потсети на првата титула, поточно на онаа полуфинална завршница против Барселона кога Лука Циндриќ постигна гол за победа на македонскиот тим и место во финалето.

ПретходноЛегендарниот Шиле Блажевски во фудбалска пензија!
СледноМатиќ официјално во Рома