УЕФА од 2024 година Суперкупот ќе го замени со Ф4 турнир?!

163

Од 2024 година, кога ќе стапи на сила новиот формат на Лигата на шампионите, УЕФА ќе воведе нов турнир на кој бранителот на титулата во Лигата на шампионите ќе се соочи со три други големи европски тимови во формат на фајнал-фор.

УЕФА предвидува промена на структурата на Суперкупот како што го знаеме досега, пред воведувањето на новиот формат на Лигата на шампионите во 2024 година, каде на турнирот ќе учествуваат 48 екипи.

Според L’Equipe и AP, Европската фудбалска асоцијација ќе одржи мини-турнир со европскиот првак и уште три други екипи, кој најверојатно ќе се одржи во САД.

Воедно, се очекува Суперкупот на Европа, кој во моментов се игра меѓу победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, во иднина да биде меѓу победниците од Лигата на Европа и Конференциската лига.

Турнирот ќе се одржува во средината на август и да се смета за „турнир за отворање на сезоната“.

ПретходноПолуфиналето со Финска го играме в сабота од 16 часот
СледноПогба и Јувентус си подале рака, потврда на трансферот ќе има во јули