Шаќири: Шкендија треба да ја оправда фаворитската улога…Арарат не е тим за потценување!

398

Експедицијата на Шкендија во Словенија, каде што е на подготовки, ја дочека веста дека тимот на Арарат од Ерменија ќе биде ривалот на тетовци во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Секако дека според рејтингот, квалитетот, па ако сакате и амбициите, нашиот претставник е фаворит на овој двомеч.

Со тоа се сложува и Артим Шаќири, стратегот на тетовските „црвено – црни“, кој за “Спортмедиа“ потенцираше.

Играме против Арарат од Ерменија. Па, немам посебен коментар дали е добра или лоша ждрепка. Денеска во светот на фудбалот сите знаат да играат и тоа како. Да, ќе се сложам дека сме фаворити, но таа улога Шкендија треба на терен, во тие 180 минути, да ја оправда. Јас верувам во нашиот состав, во овие играчи, верувам дека можеме да ја минеме оваа пречка“ ни изјави нашата фудбалска легенда и сегашен стратег на Шкендија.

ПретходноЛК: Шкендија против Арарат од Ерменија, „Пандевци“ на мегдан со Лехиа Гдањск!
СледноДарко Чурлинов казнет со 25.000 евра!