Дури 20 милиони фунти од трансферот на Нуњез во Ливерпул нема да завршат во касата на Бенфика!

390

Бенфика денеска објави детали за финансискиот договор со Ливерпул при продажбата на Уругваецот Дарвин Нуњез. Според информацијата лиферувана во јавноста, излезе дека португалскиот гигант во првата транша од парите кои ги чека од Ливерпул ќе добие само 46,7 милиони фунти. Тоа е значително помалку од оние 64 милиони фунти кои беа договорени како исплата во прва фаза.

Причина за ваквата финансиска распределба е тоа што освен Бенфика има уште два клуба кои ќе инкасираат суми од овој трансфер на Нуњез. Во прв ред шпанска Алмерија која ставила специјална клаузула при продажбата на Нуњез во Бенфика, па сега ќе си инкасира 9 милиони фунти од трансферот на напаѓачот во Премиерлигата.

Втор на листата за земање пари е поранешниот тим на Нуњез, уругвајски Пењарол, кој ќе заработи 1,94 милиони фунти од трансферот. Но, Бенфика ќе загуби уште цели 6,24 милиони фунти, затоа што ќе мора да ги исплати на агентот на фудбалерот кој го реализираше трансферот.

Португалците се надеваат дека ќе вратат дел од овие пари, од бонусите кои се договорени. 4,3 милиони фунти Ливерпул треба да и исплати на Бенфика уште по првите 10 настапи на Нуњез во дресот на „црвените“.

ПретходноСимиќ ги поведе младите кошаркари во подготовки за настап на ЕП ова лето
СледноИгор Алексовски е нов голман на Работнички