Антонио Илиески (25), досегашниот дефанзивец на Ренова од денеска и официјално е нов член на Кукс, тим од елитната лига во Албанија. Илиески откако му заврши договорот со “гипсарите“ имаше неколку понуди, но сепак ја одбраа таа на Кукс и во следниот период ќе го носи дресот на овој клуб.
Инаку Гостиварчанецот досега има играно за екипите на Гостивар, Еуромилк, Македонија ЃП, Тиквеш, Кораби и како што рековме Ренова.
Ништо чудно, факт е дека кај нашиот западен сосед во фудбалот има повеќе пари, па многу наши фудбалери се решаваат да одат на печалба во клубовите од таа земја. Најнов е трансферот на Илиески, а во текот на денот информиравме дека и Матеј Цветаноки својата кариера ќе ја продолжи во Албанија, во тимот на Партизани Тирана.