КФСМ парично ги казни финалистите во плеј – офот!

181

МЗТ Скопје во годинашното финале од плеј – офот на нашата кошаркарска лига успеа да слави над Пелистер и со тоа да ја одбрани титулата. Ова за тимот од Битола беше прво историско финале, но и двата клуба се парично казнети за се она што се случуваше во финалната серија од страна на Кошаркарската федерација на Македонија.

Па така Пелистер е казнет со 146.000 денари по разни основи, и тоа поради лошата организација, извикување навреди кон претседателот на федерацијата Перо Антиќ и друго.

Додека МЗТ Скопје е казнет со 30.400 денари, и тоа поради фрлање на предмети во третиот финален меч, но и по други основи.

ПретходноМатеј Цветаноски во дресот на Партизани Тирана!
СледноТренерот на “модрите“: Потешко ќе ни биде со Шкупи…Седлоски добро го познава Динамо!