Манчини: Еден пораз не може да избрише се што постигнавме

163

Синоќа беше вечер на историските порази на светските фудбалски велесили во Лигата на Нациите. Италија на гости кај Германија доживеа дебакл од епски размери во кој во еден момент губеше со 5:0, за да на крајот колку толку истиот го ублажи и намали на 5:2.

Селекторот Роберто Манчини секако подготвен ја дочека прес конференцијата по мечот во која тој мораше да се одбрани и себеси и своите избраници од наездата на критики од гневните новинари.

„Тажно е што јунската серија натпревари заврши на овој начин. Знаевме колку силен тим е Германија . Им дадовме премногу слободен простор во првото полувреме. Имаше некои добри работи, без разлика на исходот, но генерално е нормално да се биде разочаран. Групата останува отворена“, рече Манчини па продолжи.

„Не делувавме како целина во одбраната, затоа се направени толку многу грешки. Во една фаза од натпреварот ризикувавме. Игравме со многу млади играчи, така е. Оваа загуба не може да избрише се што постигнавме во последните години“, изјави италијанскиот тренер.

 

ПретходноСаутгејт по историската бламажа: Јас сум виновен
СледноАбердин го сака Миовски во своите редови