Томасон го презеде кормилото на поранешниот англиски шампион

399

По шест месеци пауза, поранешниот дански репрезентативец Јон Дал Томасон повторно е именуван за тренер. Тој ќе раководи со трикратниот англиски шампион Блекбурн Роверс кој моментано се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Тој потпиша договор до јуни 2025 година.
Томасон со Малме освои две шампионски титули по ред, а си замина од клубот во декември минатата година. Претходно работеше во холандските Рода и Екцелзиор.
Блекбурн има три шампионски титули во Англија, првите две се од далечните 1912 и 1914 година, а последната во сезоната 1994/95 кога блескаше Алан Ширер со 34 гола како најдобар стрелец таа сезона, а играа уште Тим Шервуд, Тим Флауверс, Грем Ле Со, Крис Сатон, Колин Хендри, Хенинг Берг, Кевин Галахер…
Клубот во 2012 година падна во Чемпионшип дивизијата и од тогаш не се врати. Во 2017 клубот падна и во Лига 1 (Третата лига по ранг).

ПретходноУнгарскиот селектор со морбидна желба по победата над Англија
Следно200 милиони фунти го враќаат Фјури во рингот