Барселона му соопштила на Дани Алвеш дека нема да му го продолжи договорот

161

Искусниот дефанзивец Дани Алвеш ја напушта Барселона. Претставници на клубот го информирале Бразилецот дека нема да му го продолжат договорот кој е со важност до 30 јуни.

Приоритетна опција за играчот беше продолжување на договорот со Каталонците, па дури беше подготвен да потпише договор на една година, во кој клубот ќе има опција еднострано да го раскине договорот по СП 2022 година. Сепак, Барса реши да не му го продолжува договори и да му дозволи да си замине уште сега.

Алвеш с еврати во Барса да му помогне на Чави во формирањето на новиот тим и минатата сезона одигра 14 меча во Ла Лига, дури постигнувајќи и еден гол. 39-годишниот дефанзивец има неколку понуди од европски клубови и најверојатно ќе се реши да остане во Европа следната сезона.

ПретходноЃорѓи Ѓорѓиев се враќа во Франција: Техничарот потпиша за Камбраи Волеј
СледноЧелзи ја одби првата понуда на Интер за Лукаку