Досегашниот играч на тимот на Брајтон, Ив Бисоума е на часови од потпис за тимот на Тотенхем. Англиските медиуми пренесуваат дека „Спарси“ инсистираат на ангажман на играчот во овој преоден рок и дека денеска и утре преговорите на релација, Брајтон – Тотенхем – Бисоума ќе се интезивираат.
Репрезентативецот на Мали пристигна во Европа како дел од трансферот во француски Лил, за по одличните настапи таму да се пресели на Островот, и да потпише за Брајтон.
Таму е од 2018 година настапи на преку 100 мечеви за овој тим, а во моментов има 25 години.