Како што информираат од страна на Струга Трим Лум, Немања Босанчиќ и Флоријан Кадриу не се веќе членови на струшкиот прволигаш.
Србинот две години беше еден од клучните играчи на стружани, му беше истечен договорот и одлучи својата кариера да ја продолжи во својата земја.
Челниците на Струга Трим Лум јавно му се заблагодарија нему, но и на на Кадриу, за досегашната соработка и им посакаа многу успех во кариерата во иднина.