Откако не успеа да го мине баражот и да се најде следната сезона во македонската фудбалска елита, второлигашот Воска Спорт денеска потврди дузина заминувања од тимот во летниот трансфер период.
Како што соопштија од клубот, Воска Спорт летово ја напуштаат Емир Алиу, Христијан Грозданоски, Михајло Јакимоски, Ристе Илијоски, Алтин Лога, Арменд Алими, Богдан Велиновски, Дарко Размоски, Горан Трајкоски и Игор Паноски.
Со овие фудбалери клубот потврди дека нема да биде продолжена соработката. Воска Спорт имсе заблагодари на сите за придонесот, посакувајќи им здравје и успех во кариерата.