Донарума се скара со новинарите: Кога сум погрешил, кога ме фаулираа против Реал? (ВИДЕО)

202

Италијанската репрезентација синоќа дожвеа катастрофа на гостувањето од Лигата на Нациите против Германија со 5:2, и јавноста нормално дека е жестока. Се бара виновникот, сите снозат дел од вината секако која што како што е колективна, така е и инндивидуална.

Голманот Донарума имаше свој „момент“ на овој дуел, погреши жестоко за еден од погодоците на противникот, па по мечот нормално запрашан и за тоа. Чуварот на мрежата очигледно не беше расположен за критика па се обрати со висок тон кон новинарите.

„Ние сме лути. Немаме оправдување, треба што побрзо да излеземе од оваа состојба и да го покажеме нашето вистинско лице. Денеска не покажавме ништо. Бевме уморни по четири натпревари за 15 дена на крајот од сезоната, но не бараме алиби. Треба да се погледнеме во очи и да анализираме што се случи“, рече рече Донарума.

„Сите направивме грешки. Да, на 4:0 можев подобро да ја расчистам ситуацијата, но најважно е да се учи од грешките и да расте“, продолжи чуварот, по што еден од ноинарите го потсети дека ова не му е прва таква грешка.

„Кога се случи тоа порано? Кога бев фаулиран против Реал МАдрид? Ако сакаме да се расправаме за овие работи, добро. Тука сум да зборувам за тимот. Ако сакаш да ме обвиниш – ОК, јас ќе ја преземам вината за загубата. Јас сум капитен на овој тим и нема да ја наведнам главата. Се обидувате да направите голема грешка “, рече лутиот Донарума.

ПретходноМакедонија У15 со реми против Црна Гора
СледноОдлична вест за Србија: Никола Јокиќ ќе игра на ЕП!