Добра вест за фановите на Воска Спорт, имено и официјално капитенот и најдобар фудбалер на второлигашот од Охрид, Изаир Емини останува во клубот. Како што информираат челниците на клубот, постигната е согласност од двете страни, искусниот офанзивец и во наредната 2022/23 сезона да гоп носи дресот на Воска Спорт и со тоа да помогне клубот во новото првенство да ги достигне своите амбиции.
Инаку Емини во Воска дојде во јули минатата година, одигра 22 меча во ВМФЛ – ЗАПАД, на кои постигна 15 голови а притоа имаше и 11 асистенции.
Да кажеме дека пред неколку дена охриѓани во името на Беерат Имери добија и нов шеф на стручниот штаб.