Игор Алексовски е нов голман на Работнички

606

Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со Работнички.

Алексовски доаѓа во Градски Парк од редовите на Ренова, а претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар и за Шкупи.

„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, изјавил Игор Алексовски.

ПретходноДури 20 милиони фунти од трансферот на Нуњез во Ливерпул нема да завршат во касата на Бенфика!
СледноЃоковиќ ќе биде прв носител на Вимблдон, со Надал само во финале