Прекрасниот, фантастичниот гол на Енис Барди на мечот со Гибралтар, уште во 4.минута и тоа од 25 метри од слободен удар бепе навистина мало ремек дело. Па токму затоа УЕФА и официјално го стави како еден од оние кои се во трката за најубав гол на колото во Лига Нации, за ова 4.коло.
Покрај Барди во “игра“ се и головите на Махир Емрели од Азербејџан, потоа на Ноа Ланг од Холандија и Даниел Газдаг од Унгарија.