МЗТ Скопје во годинашното финале од плеј – офот на нашата кошаркарска лига успеа да слави над Пелистер и со тоа да ја одбрани титулата. Ова за тимот од Битола беше прво историско финале, но и двата клуба се парично казнети за се она што се случуваше во финалната серија од страна на Кошаркарската федерација на Македонија.
Па така Пелистер е казнет со 146.000 денари по разни основи, и тоа поради лошата организација, извикување навреди кон претседателот на федерацијата Перо Антиќ и друго.
Додека МЗТ Скопје е казнет со 30.400 денари, и тоа поради фрлање на предмети во третиот финален меч, но и по други основи.