Ла Лига поднесе жалба до УЕФА поради ПСЖ и Сити за кршење на ФФП

217

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас потврди дека поднеле жалба до УЕФА против Пари Сен Жермен и Манчестер Сити за „нарушување на финансискиот ферплеј“. Наведено е продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе во ПСЖ, како и трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити и сметаат дека овие два клуба го прекршиле ФФП.
„Поднесена е жалба до УЕФА, но Ла Лига ќе покрене и дополнителни правни мерки. Ќе бидат поднесени тужби во Европската Унија, Франција и Швајцарија. Се обидуваме да преземеме одговорност и да се почитува ФФП и стабилноста на европскиот фудбал“, стои во соопштението.
Тебас остро ја критикуваше одлуката Мбапе да го обнови договорот со ПСЖ за огромна сума на пари, што според него е погрешно бидејќи, како што вели, „клубот во последните години забележал финансиски загуби од повеќе од 700 милиони евра“.

ПретходноБосанчиќ и Кадриу не се веќе играчи на Струга ТЛ!
СледноЧубраковиќ ќе брани за Струга Трим Лум