На денешната ждрепка за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП го доби својот противник. Тоа е тимот на ЦСКА Софија, бугарскиот гигант. Секако дека ова ќе биде интересен двомеч од повеќе причини.
Да потсетиме дека „лавовите“, за разлика од Шкендија и А. Пандев, во овие квалификации ќе стартуваат од втората рунда.
Инаку познати се можните ривали во 2.квалификациско коло и за тетовци и за струмичани.
Па така ако Шкендија успее да го мине Арарат (Ерменија) на стартот, тогаш во следната фаза би се сретнала со екипата на Валмира од Летонија. Тетовци и сега имаа среќа во жедрепката.
Додека Академија Пандев, ако ја мине првата пречка во ова натпреварување, тогаш во 2.квалификациско коло би играла со Рапид Виена. Тешка, пеколнао тешка ждрепка за струмичани.
Шкупи ако биде елиминиран од Линколн во ЛШ, тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во ЛК и за ривал ќе го поразениот тим од двомечот меѓу Тобол (КАЗ) и Ференцварош (УНГ), двомеч од 1.квалификациско коло во ЛШ.
Инаку мечевите за втората рунда од квалификациите во Лигата на Конференции се закажани за 21 и 28 јули.