Како што дознаваме, Матеј Цветаноски (24) својата кариера ќе ја продолжи во Албанија, и тоа во тимот на Партизани Тирана. Договорот е постигнат и нашиот напаѓач во следните две години ќе го носи дресот на еден од најголемите клубови во Албанија.
Инаку Цветаноски во изминатите шест месеци беше член на Унгарскиот тим Ѓирмот, но не доби адекватна шанса и одлучи да си замине. Инаку претходно Цветаноски играше и за екипите на Шкупи, Пелистер, Вардар, Македонија ЃП.