Неверојатна разлика во платата меѓу Халанд во Сити и Нуњез во Ливерпул!

581

Секако дека Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот, и по традиција а посебно по освоените пехари во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите. Сепак не може да се мерат “редси“ во поглед на финансиите со некои други клубови, како Манчестер Сити на пример.

Ова се гледа најдобро по тоа колкава плата ќе зема Ерлинг Халанд во Манчестер Сити а колкава пак Дарвин Нуњез во Ливерпул.

Ѕвездата на Сити ќе добива 500.000 евра неделно и тоа го прави вториот најскапо платен играч во Премиер – лигата и тоа веднаш зад Кристијано Роналдо.

Додека Дарвии Нуњез во Ливерпул ќе биде платен “само“ 163.000 евра неделно, и тоа го прави еден од најплатените фудбалери на Ливерпул.

Ете, во тоа е разликата меѓу „граѓаните“ и „црвените“.

ПретходноЕмини уште една година во Воска Спорт!
СледноИлиески промовиран во Кукс!