Едно од најекспонираните имиња во составот на Реал (М), Винисиус Жуниор се договорил со мадриѓани за продолжување на договорот.
Новиот договор на напаѓачот со мадридскиот клуб ќе важи до 2026 година. Страните ги договориле сите услови за новата соработка, а продолжувањето на договорот официјално ќе биде објавено во јули.
Споре днекои информации, платата на Бразилецот ќе порасне од 3,2 милиони евра на 10 милиони евра годишно. Интересно, во новиот договор ќе има и клаузула за предвремен раскин во висина од фантастични 1 милијарда евра.